Со одлука на Управниот суд , пет хектари на манастирот „Св. Наум“ се одземат од владение на МПЦ и се даваат на располагање на државата, објави телевизија „Телма“.
Со одлука на Управниот суд , пет хектари на манастирот „Св. Наум“ се одземат од владение на МПЦ и се даваат на располагање на државата, објави телевизија „Телма“.
Одлуката за експропријација е без образложение за каква намена ќе се употреубва земјиштето и дали интересот е јавен како што предвдува законот. Напротив пред судот воопшто не е наведена употребата, иако ова земјиште и претходно беше наменето за проектот во Љубаништа што требаше да го гради индискиот инвеститор Субрата Рој.
Синодот на МПЦ на вчерашната седница изрази жалење од оваа одлука. Сметаат дека негативно ќе влијаее на натамошниот духовен раст на вековното светилиште Св. Наум. Синодот одлучи да не попушта и ќе бара начин да си го врати земјиштето.
Иако општина Охрид и натаму очекува реализиација нанајавуваната изграда на туристичкиот комлекс во Љубаништа, а компанијата на Субрата Рој рече дека не се откажува од инвестицииите во Македонија, според црквата ваквите проекти треба останат на хартија.
На седницата на Синодот станало збор и за лустрацијата на свештениците. Тие се иземени од законот за лустрација и немаат намера сами да побараат комисијата да проверува дали владици и свештеници сорабоувале со разузнавачките служби. Сметаат дека комисијата за лустрација ако сака може да изврши проверка врз основа на нивните нотарски заверени изјави доставени до лустраторите според стариот закон кога постоеше таква обврска.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град