Средното општинско училиште Св. „Кирил и Методиј“ ќе се осовременува

Средното општинско училиште Св. „Кирил и Методиј“ ќе ги подобрува условите за работа. Голем број проекти веќе се во подготовка и ќе се аплицира до фондовите. Се очекува финансиска подршка и од Министерството за образование и Локалната. Во тек е и решавањето на проблемот за екипирање на педагошката и психолошката служба.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ekonomsko
економско

 

Средното општинско училиште Св. „Кирил и Методиј“ ќе се осовременува. Директорката Славица Костоска вели дека откога оваа пролет се донела одлука на Совет средното економско училиште да  се издвои од Гимназијата Св. „Климент Охридски“, вработените се зафатиле со активности за создавање подобри услови за работа. Уште во летниот период со помош на спонзори биле преадаптирани неколку простории во училници.
економско
Просторните услови сега засега ги задоволуваат потребите, но со цел модернизација на наставата планираме и изработуваме проекти. Еден од нив е за поставување нова дограма на целото училиште со што че се придонесе и за енергетска поефикасност на истото, вели Костоска.

Директорката кажа дека изготвуваат проект и за изградба на нов спрат каде ќе биде сместена просторија за современо држење на настава со потребни нагледни средства и компјутери, како и библиотека. Планирано е да се направат санитарните јазли и фискултурната сала. Со овие проекти ќе аплицираат секаде каде има можност да извлечат пари преку фондовите, а секако очекуваат финансиска подршка и од Министерството за образование и Локалната. Костоска кажува дека од аспект на стручен кадар се добро екипирани. Имаат 38 вработени и 14 надворешни соработници. Има вкупно 20 паралелки. 16 се во економско-правната и трговска струка и 4 во медицинската. Единствено што недостасува е педагог, психолог и секретар бидејќи кога се поделило училиштето овие служби останале во гимназијата.ekonomsko

Следниов месец очекуваме да се реши и овој проблем. Работите се оддолжија бидејќи станува збор за нови вработувања а за тоа мора да се испочитува процедурата. Според законската постапка преку Министереството за образование, Министерството за финансии треба да даде согласност за нови вработувања по што се распишува конкурс, објаснува Костоска.

Инаку, учениците од средното економско училиште заедно со учениците од гимназијата ќе одржат хуманитарен концерт од кој собраните средства ќе бидат наменети за осовременување на наставата во Св. „Кирил и Методиј“. Со ова , вели директорката уште еднаш се покажува дека овие две училишта се во тесна врска и взаемна соработка.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top