„Монистра“ пред охридската публика

Во сабота, 22-ри Ноември 2014 година почеток 20.00 часот, за само 100 денари, охридската публика ќе може да ужива во перформансот на музичката етно атракција „Монистра“.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
Лого

Во сабота, 22-ри Ноември 2014 година почеток 20.00 часот, за само 100 денари, охридската публика ќе може да ужива во перформансот на музичката етно атракција „Монистра“.

Младата етно група  е формирана во 2002 година, во состав :

монистрљаАлександар Јовевски              –    кавал, тамура, гајда, тапан
Јован Стрезоски                      –    тамбура
Николовски Филип                 –    тамбура  
Борче Ѓоргиев                         –    клавијатури
Марјан Андоновски                –    тапан, тарабука, перкусии
Дамјан Зифовски                    –     ударни инструменти , перкусии
Габриела Јанушевска              –     вокал
Бранко Јовевски                       –     менаџер

Сите членови на групата се музички образовани и имаат завршено Факултет за музичка уметност при универзитетот  Св. “ Кирил и Методиј” во Скопје. Групата свири македонска етно музика на изворни инструменти. Музиката е збогатена со модерни аранжмани , се со цел да ги задоволи вкусовите на сите генерации.

Со досегашните концерти и настапи во Република Македонија и на меѓународни фестивали , групата “ Монистра ” се етаблира како многу успешен презентер на македонската етно музика која се следи со силно внимание. Особено ја негува неправилната ритмика по кој се препознава македонската песна и оро.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top