Работливоста и чесноста се важни во бизнисот, а јас тоа максимално го наследив од мојот татко и тргнав по неговите стапки за да го продолжам семејниот бизнис на шест генерации, вели генералниот директор на Месната индустрија Билјанови од Струга. За нецела година на пазарот за производство на месо, нивното прво претставување на регионалниот натпревар во Црна Гора беше крунисано со две престижни награди.
Фамилијата Билјанови е симбол за најстарата месарска традиција во Струга. Тие од пред година дена отворија фабрика за производство на месни производи, во еден еколошки предел кој изобилува со чиста вода, воздух и природа, на крајбрежјето на две води, Охридското Езеро и реката Црн Дрим, под падините на Јабланица. Најмладиот потомок кој ја презеде шест генерациската традиција Славчо Билјан не го крие задоволството од досегашниот успех и вели дека долгот и почитта кон предците е негова обврска и желба, чесно и еснавски да продолжи понатаму и преку пласман на производи со врвен квалитет да се задоволат вкусовите на потрошувачите.
„Го продолживме еснафот на мојата фамилија и ја основавме оваа компанија која што се занимава со производство и во својата програма има 50 производи како чадени призводи салами барени производи виршли шунки, работиме добро застапени сме на пазарот во Македонија во континуитет се шириме, производите се прифатени се со добар квалитет“ – вели Билјан.
Во месната индустрија Билјанови се работи со најсовремена германска технологија, според највисоки техничко-технолошки стандарди за квалитет и безбедност на храна, нагласува директорот. Неодамна на покана на ХЕРД програмата финансирана од Норвешката Влада на регионален натпревар во Црна Гора компанијата Билјанови освои две престижни награди.
„Нашите производи заедно со производите на западен Балкан и земјите од регионот беа застапени таму и нашите производи го понесоа второто место за чадениот свински бут и трето за чадената печеница беа оценети високо по квалитет и се гордееме со тие наши награди сепак тоа е наше прво успешно претставување“ – објаснува Билјан.
Од Месната индустрија Билјанови нагласуваат дека посебно внимание посветуваат на набавка на суровини односно одбрани добавувачи што ги задоволуваат светските стандарди за квалитет, преку имплементиран HACCP систем и обезбедување на високи критериуми за безбедност на производството. Контролите им биле се задолжителни и на нивно барање. Редовно праќале примероци во ветеринарниот Институт и имале одобрение за сите услови. Моментално Месната индустрија Билјанови има 31 вработен а потребата од стручен кадар и технолози им била константна. Во план им е проширување на пласманот на нивните производи во земјите од регионот Србија, Босна и Херцеговина Црна Гора и Косово.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град