Гостите го разгледувале тлото на езерото, а добиле и информации за претежната брзина и правец на ветровите, но и за начините на финансирање на изградбата на градската марина. Градоначалникот Никола Бакрачески информира дека во наредниот период ќе се подготвуваат идејни решенија за истата.
Две хрватски компании од областа на градбата на марини, во обиколка на охридското крајбрежје. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, заедно со стручни лица од областа на изградбата на марини како и стручните лица од Капетанијата на пристаништата на Република Македонија им ги презентирале на гостите можните локации за изградба на градската марина.
„Ги разгледувавме тие локации заедно со експерти од оваа област. Имавме можност да прошетаме и со брод во близина на крајбрежјето, каде што гостите од Хрватска сакаа да го разгледаат и тлото на езерото, се информираа од стручните лица од Капетанијата за претежната брзина на ветрови, претежен правец на ветровите, за можностите и начините на финансирање на оваа марина.“-вели градоначалникот Никола Бакрачески.
Освен за изградбата на големата градска марина, се разгледувале и можностите за реконструкција на малото пристаниште.
„Знаете дека за реконструкција на малото пристаниште идејно решение е веќе направено, во овој момент, мислам дека денес е последен ден со кој завршува огласот за пројавување интерес, имаме неколку заинтересирани страни кои што пројавија интерес за реконструкција на малото пристаниште.“-рече Бакрачески.
Градоначалникот Бакрачески информира дека во наредниот период ќе следи подготовката на идејни решенија за изградба на градската марина, кои идејни решенија ќе се прават во консултација со експерти од оваа област, по што ќе може да се пристапи кон реализација на овој проект. Инаку како една од можните локации за изградба на големата градска марина се споменува просторот од каналот „Студенчишта“ до хотелот Парк.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град