Охрид заобиколен од епидемијата на заушки

Додека Македонија ја тресе епидемија од заушки, во подрачната единица на Заводот за здравствена заштита на почетокот од годинава,евидентирани се само две заболени лица.

 |  Валентина Нелоска  | 
vakcinacija
вакцинација

Додека Македонија ја тресе епидемија од заушки, во подрачната единица на Заводот за здравствена заштита на почетокот од годинава,евидентирани се само две заболени лица.

Д-р Јованка С.Коровешоска вели дека станува збор за ученици  кои биле во контакт со заболени деца од Источна Македонија. При  проверка на картоните за вакцинации утврдено е дека лицата  биле  редовно  вакционирани, но дека  станува збор за намален имунитет.

vakcinaВо 2008 година биле евидентирани само 9 случаи, а епидемиолозите  потенцираат дека тоа се должи на  комбинираната вакцина која ја примиле децата. Сите деца родени во периодот од 1982 до 1990 се вакцинирани со една доза , а од 1997 година децата на 7 годишна возраст примаат вакцина од две дози. Во Македонија вакцината против зушки за прв пат започна да се применува од 1983 година.

Стручните лица  упатуваат  препорака до родителите да ги  имунизираат децата кои не биле претходно вакцинирани. Лекарите по појавата на ова заболување, кое подолго време не е забележано на нашите простори, смируваат дека опасностите се минимални. Д-Р Трпко Угриноски  потенцира дека компликации може да се јават на половите жлезди кај машката и женската популација , но дека  се ретки и се  карактеристични за времето кога не се превенирала  и  лекувала оваа болест.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top