Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 67- годишен охриѓанец.

-На втори април годинава околу 21 часот, во селото Горно Лакочереј при извршен преглед врз пријавениот, полициските службеници пронајдоа и одзедоа еден пиштол марка „Валтер“ со калибар девет милиметри и еден куршум кратко зрно од истио калибар.Рачното огнено оружје е забележано во џеб од горната облека при преземање мерки за утврдување на идентитетот на сега пријавениот, а по претходно пријавена сообраќајна незгода и нарушување на јавниот ред и мир во селото Горно Лакочереј, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Одземеното огнено оружје и другите предмети лице се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град