• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Медитација и вежби за дишење наспроти огромната употреба на антидепресиви во нашата земја

Медитација и вежби за дишење наспроти огромната употреба на антидепресиви во нашата земја

Психологот и лиценциран учител за Арт оф ливинг, Теодора Костовска смета дека фармацевтското третирање на стресот има само краткотраен ефект без да се реши причината за самиот стрес.Охриѓани ќе учат како да се справуваат со секојдневниот стрес.

 |  Мишел Наумоски  | 
meditacija
медитација

Охриѓани ќе учат техники за справување со стресот. Денес, лиценцираниот учител за Art of living и психолог, Теодора Костовска со едно несекојдневно излагање на тема стресот и луѓето, пред заинтересираните ќе говори за начините на препознавање на симптомите карактеристични за стресот, но и ќе сподели со охриѓани на кој начин да се справуваат со него. Имајќи ги предвид застрашувачките податоци со кои излезе Фондот за здравство кои говорат дека 1.600.000 рецепти кои биле издадени минатата година гласеле на антидепресиви, Костовска смета дека од пресудно значење за луѓето е да знаат дека постојат многу подобри начини на справување со стресот.

antidepresivi„Антидепресивите не ја решаваат состојбата, фармаколошката терапија може во некоја блага форма во моментот на акутната состојба да помогне, но таа не ги решава проблемите, односно причините за таквите состојби, само ги маскира симптомите и ја одлага агонијата на оној кој страда од таква една состојба.“-вели Теодора Костовска, психолог и лиценциран учите за Art of living.

Костовска вели дека покрај сите работи кои човекот ги учи во текот на својот живот, за жал никогаш не добил можност ниту на училиште, ниту во семејството да научи за тоа како правилно да се дише. Правилното дишење според неа е вистински ресурс на животна енергија, а е воедно и дел од четиридневната работилница која треба да се случува од овој петок до понеделник.

meditacija i pravilno disenje„Постојат апсолутно начини и техники и можности кои ни кажуваат, а да не посегаме по медикаментни терапии, туку да можеме да го зголемиоме нашиот внатрешен капацитет, односно да ја кренеме нашата енергија. Кога се чувствуваме слабо, болно, уморно, истоштено, всушност тоа недвосмислено упатува на тоа дека имаме пад на енергетскиот систем во нас. Просто како можеме сега да ја кренеме, односно да направиме ревитализација на таа енергија, за да може нашиот организам да биде способен, среќен, радосен, полн со енергија, да ги совладува животните предизвици, тоа е и најголемата интенција.“-рече  Костовска.

Инаку Костовска најпрво денес ќе одржи едночасовно предавање околу стресот, техниките за справување со стрес по што доколку постои интерес кај граѓаните, ќе се спроведе и четиридневната работилница. Работилниците во работните денови ќе траат по три часа, додека во сабота и недела  околу 7-8 часа, континуирано, или вкупно некаде околу 20 до 22 часа работа на физичко ниво, преку вежби за тело, емоција, со техниките за дишење и медитација како една природна состојба. Нејзината презентација ќе се одржи во просториите на Црвениот крст од Охрид.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top