Во рамки на своите активности во делот на здравствено-превентивната дејност, а како резултат на соработката со организацијата The Art of living (Уметност на живеењето), Црвен крст Охрид организира едукативна промоција и презентација на знаења, вештини и техники насочени кон ослободување од стресот и активирање на вистинските потенцијали за работа кај секоја личност.

Ги покануваме нашите сограѓани, без оглед на возраста, да ја искористат оваа единствена можност, од искусниот, лиценциран Art of living учител Теодора Костовска, на многу интересен и несекојдневен начин да ја осознаат моќта на правилното дишење како клуч за справување со негативните емоции и инструмент со кој „купуваме“ време и здравје.
Презентацијата ќе се реализира на 05.11.2014 (среда) во просториите на Црвен крст Охрид со почеток во 19 ч.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град