О.У. „ Христо Узунов“ се поднови со инвестиција од над 1 милион денари.
По реализацијата на инвестицијата во вредност од преку 4 милиони денари со која се замени комплетната надворешна дограма на охридската Гимназија, деновиве заврши уредувањето на училишниот двор на ОУ „Христо Узунов“ во населбата Горна Влашка Маала.
„Со уредувањето на училишниот двор, подобрена е целосната слика за училиштето. Во иднина ќе се намалат инцидентите, во кои учениците се здобиваа со повреди“-коментар на директорката Оливера Пирузеска Јанева.
Комплетното уредување на дворот и патеките значеше и комплетно поплочување со бехатон-плочки во површина од 1.500 метри квадратни. За новиот, убав изглед на дворот на едно од училиштата со најмногу ученици во општината, беа издвоени околу еден милион денари буџетски средства.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град