• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Локалната привршува со активностите за изградба на фудбалското игралиште со вештачка трева

Локалната привршува со активностите за изградба на фудбалското игралиште со вештачка трева

Градоначалникот Никола Бакрачески смета дека со изградбата на ова современо игралиште, Охрид ќе добие соодветни капацитети за развој на спортскиот туризам.

 |  Мишел Наумоски  | 
igraliste
игралиште

igraliste vestacka trevaЛокалната самоуправа привршува со активностите за изградба на фудбалското игралиште со вештачка трева. Станува збор за инвестиција од околу 300.000 евра или околу 20ина милиони денари. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека изградбата на ова современо игралиште нуди можности за развој на спортскиот туризам.

„Се прави со финансиско вложување на општина Охрид и на Фудбалската федерација на Македонија, односно УЕФА кое што ќе биде едно од најдобрите игралишта на вештачка трева во Република Македонија и ќе се создадат услови за она што ние подолго време наназад го најавуваме, а тоа се услови за спортски туризам во Охрид, затоа што незамисливо е денес да се одвиваат вонсезонски подготовки на спортските екпи без поседување на терен со вештачка трева.“-рече градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Инаку димензиите на игралиштето со вештачка трева ќе бидат 110 на 80 метри и ќе ги задоволува стандардите на ФИФА И УЕФА.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top