Белвицата, крапот и плашицата од денес ќе можат да се купуваат по пониски цени

По повод претстојните православни празници и слави белвицата, крапот и плашицата од денес ќе можат да се купуваат по пониски цени.Концесионерот на Охридското Езеро, Ристе Танасоски вели дека задоволни се од уловот и дека за овие две години од кога стопанисуваат со езерото многу е подобрена состојбата со рибниот фонд.

 |  Јаковлева Лионела  | 
blinker
блинкер

Белвицата, крапот и плашицата од денес ќе можат да се купуваат по пониски цени. Концесионерот на Oхридското Езеро „Пастрмка 2012“ по повод претстојните православни празници и слави ја намали цената на овие видови риба кои охриѓани најчесто ги купуваат. Белвицата ќе се продава по цена од 250 денари за килограм, додека килограм крап ќе чини 200 денари, а килограм плашица 60 денари. Концесионерот на Охридското Езеро, Ристе Танасоски вели дека задоволни се од уловот и дека за овие две години од кога стопанисуваат со езерото многу е подобрена состојбата со рибниот фонд.блинкер

Ние како фирма и нашата рибочуварска служба сме задоволни од она што досега го сработивме . Успеавме да го намалиме рибокрадството за 955. Соработката со Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство и другите надлежни институции ни е на завидно ниво па затоа не изостануваат и резултатите, вели Ристе Танасоски, концесионерот на Oхридското Езеро „Пастрмка 2012“ .

Природните плодишта на охридска пастрмка се чуваат деноноќно, а езерото се набљудува и со софистицирана опрема, рече Танасоски. Тој додава дека се обновува и популацијата на белвица, крап и плашица. belvici

Критични точки кога станува збор за белвицата ни е потегот од Охрид до Пештани каде позасилено работат рибочуварските служби, крапот пак најзагрозен е  во месеците април-мај во дел на Андон Дуков кај трската или во Љубанишкиот дел, истакна Танасоски.

Концесионерот уверува дека комерцијалниот излов се врши крајно внимателно и тоа во рамките на дозволеното, 10 тони белвица и 40 тони крап годишно. Оваа година се поднесени преку 40 прекршочни и над 15 кривични пријави. Собрани се околу 15 километри нелегално поставени мрежи.

Инаку, промотивните цени на белвицата, крапот и плашицата ќе траат до празникот Св. Никола по што следува и забраната за лов или меѓу охриѓани познат како „татиљот“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top