Пановски на коференција на УНЕСКО во Софија

Во Софија Бугарија, од 3-6 ноември 2014 г. се одржува Регионална конфернеција на УНЕСКО со тема – Заштита на природното наследство : Менаџирање со ризици од катастрофи и планирање на одржлив туризам.

 |  Голабовски Крсте  | 
Dejan Panoski
Дејан Паноски

Во Софија Бугарија, од 3-6 ноември 2014 г. се одржува Регионална конфернеција на УНЕСКО со тема – Заштита на природното наследство : Менаџирање со ризици од катастрофи и планирање на одржлив туризам.

Dejan PanoskiНа конференцијата учествуваат преставници на државите кои имаат УНЕСКО заштитени подрачја и тоа Албанија,Бугарија,Босна и Херцеговина ,Хрватска, Кипар, Грција, Молдавија, Романија,Србија, Црна Гора, Словенија, Турција и Македонија.

Од македонска страна на конференцијата учествуваат фокал поинтите за културно и природно наследство Зоран Павлов и Дејан Пановски.

На конференцијата ќе се разгледаат сценаријата на можните ризици пд катастрофи во заштитените подрачја , причини ,ефекти и итните реагирања и планови за обновување. Исто така ќе се идентификуваат стратешките прешања во поглед на планирање на одржлив туризам во заштитените подрачја.

„Охридскиот регион е мошне сензитивен и потребно е да се согледаат сите можни ризици врз културното и природното наследство и врз основа на постојните вредности да се изгради нова стратегија за одржлив туризам. Светските вредности на регионот се подлога за економијата, а нивната заштита е влог во иднината. Затоа мора да се предвиди секое можно сценарио за да се обезбеди и заштитата но и основите за одржливиот развој”, истакна Паноски.

На конференцијата ќе се разгледаат сценаријата на можните ризици од катастрофи во заштитените подрачја, причини, ефекти и итните реагирања и планови за обновување. Исто така ќе се идентификуваат стратешките прешања во поглед на планирање на одржлив туризам во заштитените подрачја.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top