Финализираа активностите на кампањата за Денот на храната и Неделата за борба против гладта, кои во организација на Општинската организација на Црвениот крст од Охрид се одвиваа од 16-22 Октомври.
Финализираа активностите на кампањата за Денот на храната и Неделата за борба против гладта, кои во организација на Општинската организација на Црвениот крст од Охрид се одвиваа од 16-22 Октомври.
Партнерот и подржувач на кампањата за денот на гладта и неделата за борба против гладта, Општина Охрид и годинава помогна во прибирање на помош за најзагрозени семејства од Охрид и Дебарца. Со сопствена донација реализирана од сопствени средства, а во сорботка со Црвениот крст од Охрид беа обезбедени 50 пакети со прехранбени производи и средства за лична хигиена, истакна претседателката на Советот на Општина Охрид Гордана Коњаноска.
„Ова е еден симболичен гест со кој моментално, краткотрјано и симболично ќе им помогнеме на овие семејства. Секако целта на оваа кампања е подигање на вкупната јавна свест за постоењето на овој глобален проблем и поттикнување на сите општествни субјекти, општествено одговорните компании, невладиниот сектор и поединци да земат учество во истата и да помагаат за надминување на овој горлив проблем“ рече Коњаноска.
Сашо Точков, претседателот на Општинската Организација ја оцени кампањата како успешна и им се заблагодари на големиот број на инстиуции, здруженија, невладини организации и поединци во реализирањето на истата.
„Ние со оваа кампања собравме толку производи да можеме да обезбедиме за еден месец преку 200 семејства, бројката е секако поголема, но во текот на целата година и резервите коишто ги имаме и обновуваме постојано ќе излегуваме во пресрет по оној редослед за обезбедување помош не само во храна туку и во кебиња во зимскиов период, а секако и облека“ истакна Точков.
Точков истакна дека е задоволен посебно од одѕивот на граѓаните, со напомена дека секогаш може подобро, кога станува збор за покажување на хуманоста и помагање на социјално најзагрозените лица од Охрид и Дебрца.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град