Се уредува просторот кај спомен обележјето на Коста Абраш

Екипи на ЈП Охридски комуналец од денес  започнаа да го средуваат просторот кај спомен- обележјето посветено на Коста Абраш на истоимената улица.

 |  Голабовски Крсте  | 
spomenika
споменик

споменикЕкипи на ЈП Охридски комуналец од денес  започнаа да го средуваат просторот кај спомен- обележјето посветено на Коста Абраш на истоимената улица.

Најпрво целиот потег околу спомен обележјето  ќе биде соодветно исчистен,ќе бидат санирани бехатон плочките коишто се уништени а потоа парк- просторот  ќе биде соодветно хорти културно уреден.

Оваа акција на Секторот за комунален развој и ЈП Охридски комуналец произлегува од директните политики на Градоначалникот Никола Бакрачески  и Општината за достојно прикажување на богатото локално историско минато пред туристите коишто го посетуваат градот.

Надлежните од Секторот за комунален развој потенцираат дека ваквите нивни активности ќе продолжат и во наредниот период ,со несмален интензитет  во насока на подобрување на состојбата со културно -историските споменици на целата територија на општина Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top