Градските избраници ќе носат одлуки за иднината на три капитални проекти за градов

Оттуѓувањето на градежно земјиште сопственост на Република Македонија за изградба на катна гаража,  за изградба на автобуска станица и за изградба на дом за стари лица, најжешки точки на утрешната седница на совет. Ќе се разговара и за реализацијата на буџетот за 2014та како и за донесување на Буџетски календар на општина Охрид за 2015 година.

 |  Јаковлева Лионела  | 
општина охрид
opstina ohrid

Градските избраници ќе носат одлуки за иднината  на три капитални проекти за градов . На утрешната 33та седница на градскиот совет ќе се најдат предлог Одлуката за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија за изградба на катна гаража,  предлог одлуката за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија  за изградба на автобуска станица и предлог одлуката за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија за изградба на дом за стари лица. Што се однесува до проектот за современата автобуска станица од Локалната неодамна изјавија дека веќе е донесен Урбанистички план, изработен е извод по тој план кој е доставен за изработка на нумерички податоци.седница По добивањето на нумеричките податоци од страна на фирмата која ќе биде избрана на тендер ќе продолжи реализацијата на проектот. Во однос на проектите за катната гаража веќе се изработени нумеричките податоци , изводот е веќе издаден и се работи главниот проект. Што се однесува до Домот за стари лица веќе е изработен изводот и нумеричките податоци кои се во согласност со него. На утрешната седница ќе се најдат на дневен ред и точките за предлог одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општина Охрид за периодот од 01.01. до 30.09.2014 година, предлог одлука за измена на одлуката за извршување на буџетот на општина Охрид за 2014 година и предлог одлука за донесување на Буџетски календар на општина Охрид за 2015 година

.{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top