„Детектор за лаги“ е новата премиера на охридскиот театар

Утревечер премиера на преставата „Детектор за лаги“. Оваа комедија ја обработува вечната тема, а тоа е односот помеѓу жената и мажот. Во преставата настапуват Стрезо Стаматовски кој ја игра улогата на психијатарот, Јасмина Билаловиќ таа е во улогата на Нада и Никола Тодороски го игра сопругот Боро.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ohridski teatar
охридски театар

„Детектор за лаги“ е новата премиера на охридскиот театар. После пауза од една година актерите повторно ќе застанат на штиците што живот значат. Овој пат режисерската палка е во рацете на Ненад Витанов на кого ова му е прва соработка со охридскиот театар. Витанов од свој агол ја обработил вечната тема, а тоа е односот помеѓу жената и мажот. Приказната е за двајца сопружници кои имаат проблеми во бракот и ќе побараат помош одтручно лице. Во тој момент во реалниот живот би почнала трагедијата, но во оваа драма тука почнува комедијата. охридски театар

Комплетно се посветивме на оваа проблематика бидејќи ова не е површна комедија туку влеговме во псиохологијата на овие ликови и нивните животни приказни. СЕ надевам дека публиката соп големо уживање ќе ја проследи, рече режисерот Ненад Витанов.

Во преставата настапуват Стрезо Стаматовски кој ја игра улогата на психијатарот, Јасмина Билаловиќ таа е во улогата на Нада и Никола Тодороски го игра сопругот Боро. Секој од нив со свое видување за улогата која ја глумат.goran stojanoski

Оваа престава е една комична фарса дури и научно фантастична бидејќи постојано се поставува прашањето што ако и дали е возможно, вели актерот Стрезо Стаматоски.

Нада е лик на жена на четириесетина години која е на пониско интелектуално ниво. Таа е интелегентна но на оној примитивен начин кога интелегенцијата се користи за ниски цели. Јасмина Билаловиќ која го толкува овој лик е пресреќна што повторно ќе заигра пред охридската публика.

Голема радост за мене и за колегите е што  се враќаме со репертоар и со нова престава. Со ова ја започнуваме новата театарска сезона. Ова е втора сезона, но за нас е како нов почеток бидејќи имавме прекин од еден подолг период, вели Билаловиќ.

Никола Тодороски кој го игра сопругот Боро ветува добра забава и многу смеа во преставата.

Драго ми е што ќе учествувам во една комедија кој е мој омилен жанр. Преставата трае час и половина во кој публиката ќе ужива во многу згоди и незгоди на трите лика кои се во неа, вели Тодороски.

Пред премиерата на преставата „Детектор за лаги“ е вечерва од 20 часот и влезот е бесплатен. Утре со почеток од 20 часот е премиерата, а влезот чини 150 ден., а во петок ќе има реприза.
Директорот на охридскиот театар, Горан Стојаноски најавува богат репертоар во престојниот период кој ќе се реализира не само преку сопствените проекти, туку и преку копродукциска соработка. Според најавите, освен театарската претстава „Детектор за лаги“, за годинава е предвиден и проектот „Медена ноќ“ во режија на Иво Трајков, претстава за која пред неколку месеци се снимаше и филм.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top