Универзитетската болница во Инзбрук во која на одделението за интензивна нега се наоѓа швајцарскиот скијач Даниел Албрехт објави вести за неговата здравствена состојба.
Универзитетската болница во Инзбрук во која на одделението за интензивна нега се наоѓа швајцарскиот скијач Даниел Албрехт објави вести за неговата здравствена состојба.
Тој и натаму се наоѓа во состојба на вештачка кома, но малото крварење во белите дробови предизвикало воспалување против кое докторите се борат со антибиотици.
„Ваквите воспаленија се појавиваат во 80% на сите пациенти кои имаат белодробни повреди од ваков вид. Ноќта ја минал мирно и стабилно, но во вештачка кома ќе биде се додека белите дробови целосно не му се опорават“, стои во соопштенијата на болницата.
Само за потсетување, Швајцарецот падна на тренингот на спустот минатиот четврток. Ја изгуби рамнотежата за време на скокот долг преку 50 метри, откако налетот на ветер му ги дигна скиите напред.Измерената брзина во моментот била 138 км/ч и од тогаш е во индуцирана кома.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град