Нова туристичка понуда во градов, риболов со кајак по Јадранскиот слив

Риболов со кајак по Јадранскиот слив. Оваа идеја која потекнува од охридските рекреативни риболовци привлече огромен интерес не само кај домашните туку и кај странските риболовци. Риболовниот туризам, кој инаку е светски тренд и носи многу пари, кај нас досега не е развиен.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ribi
риби

Нова туристичка понуда во градов. Охридските рекреативни риболовци се подготвуваат за организирање на риболов со кајак по Јадранскиот слив почнувајќи од Охридското Езеро, преку Црн Дрим, Дебарското Езеро, Албанија, езерото Фрејза, па се до реката Бојана. Оваа идеја на  спорското риболовно друштво „Свети Апостол Петар“ привлече огромен интерес не само кај домашните туку и кај странските риболовци.  Радован Димитриески-претседателот на ова риболовно друштво вели дека неопходна им е помош за реализација на оваа идеја.риби

Ние само можеме да ја извршиме услугата како водичи, а се друго треба да го превземат туристичките агенции и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот бидејќи ова е единствена ваква тура во која ќе се вклучени три држави, вели Димитриески.ribi

Риболовците велат дека Охридското Езеро има потенцијал, само потребно е да се формира рекретивна и риболовна зона каде ќе може да се развива риболовниот туризам кој се почесто е баран од посетителите како алтернативна форма на туризам. Тие додаваат дека 15-тина проценти од домашните гости се спортски рекреативни риболовци, а нашите најбројни странски туристи кои доаѓаат од Нордиските земји се страсни риболовци. Димитриески објаснува дека има услови за да се реализира оваа риболовна тура од аспект на капацитети за сместување на брегот на водените акумулации, но треба да се поработи на контактите со албанската страна.

За жал таму нема риболовни друштва со кои можеме да соработуваме. Се надевам дека таа бариера ќе ја надминеме бидејќи разговаравме со туристичките агенции кои се подготвени да формираат такви здруженија преку кои ќе можеме да ја реализитраме оваа риболовна тура, вели Димитриески.

Овие риболовни тури би се реализирале од месец мај до октомври кога се и најидеални временските услови, а и кога е дозволен блинкерот. Би се ловела пастрмка и други риби кои се предатори.
Инаку, спортските риболовци бараат поддршка и за организирање на рибарска манифестација која ќе прерасне во бренд на градов.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top