„Морски брег“ и „Клавир торта“ победнички на 14тата „Тортијада“

Оваа манифестација која ја организира женскиот центар „Бисера“ од година во година привлекува се поголем број млади жени кои на ваков начин сакаат да ја искажат својата креативност.

 |  Јаковлева Лионела  | 
tortijada
тортијада

Прва среќе за Валентина Адамова. Таа годинава за прв пат учествуваше на манифестацијата „Тортијада“ и за својата креација „Морски брег“ во категорија на аматерки ја освои првата награда. „Клавир торта“ од хотел Белведере го освои првото место во категорија професионалци. Женскиот центар „Бисера“ по 19ти пат ја организира манифестација „Тортијада“. Натпреварувачките беа поделени во две категории и тоа аматерки и професионалки. Радува фактот што на оваа манифестација се повеќе учество земаат младите жени.

Многу млади прават торти и тоа многу интересни креации. И по вкус сигурно се убави но бидејќи немаме дегустатор не можеме да ги пробаме освен оние кои овде вечерва ќе се пресечат и ќе бидат послужени. Многу е важен изгледот на тортата но секако и вкусот, вели претседателката на ЖЦ „Бисера“, Нада Мартиноска. тортијада

Меѓу тринаесетте пријавени беше и Маријана Мартиноска Тодороска која по четврти пат настапува на оваа манифестација во категорија на аматерки и која рече дека ова за неа не е натпревар туку едно дружење и размена на искуства помеѓу жените, а се со единствена хуманитарна цел да му се помогне на ЖЦ „Бисера“ бидејќи средствата од продадените торти на аукцијата одат за неговите потреби. Тортата со која таа се престави ја подготвувала еден ден, а уште еден ја украсувала.

Сега многу идеи добиваме преку интернет па и јас од таму ја добив. Тортата симболично ја крстив Миа по името на мојата ќерка. Таа е украсена со чоколадна чипка, а во тестото има мешавина од ореви и чоколаден крем, вели  Мартиноска Тодороска.

И Билјана Костоска беше дел од манифестацијата „Тортијада 2014та“. Таа пред се дошла за забава и дружење.tortijada

Тортатат е украсена со срциња и се вика „Бисерни срциња“. Има фил од ванила, чоколаден пандишпан и одозгора е украсена со фондан, вели Костоска.

Оваа манифестација годинава се одржа под покровителство на сопственичката на ТА „Венус“, Драгана Ристевска која обезбеди средства за првата, вторатаи третата награда,

Мене чест ми е и задоволство да се приклучам на оваа нивна организација која трае 20год. И чест ми е да бидам покровител на 19тата „Тортијада“. Веќе подолго време ја следам работата на оваа организација и сакам да им се придружам еве барем и на ваков начин, рече Ристевска.

На овогодинешната  Тортијада во категоријата аматерки второ место освои  Билјана Костоска, а трето Соња Дуклеска. А во професионалци второ место освои слаткарница „Миа“, а трето слаткарницата „Мисс“.
Инаку, од Бисера велат дека во февруари идната година ќе слават 20 годишен јубилеј за кој ќе подготват специјална програма. И покрај финансиските проблеми што ги има оваа невладина организација тие се убедени дека со посветеност и вредна работа како и досега ќе опстојуваат уште многу години.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top