25ти октомври, европскиот ден на граѓанските права одбележан во Основниот суд во Охрид. Охридскиот суд денес ширум ги отвори вратите за граѓаните. Претседателот Милчо Клишески задоволен како истиот функционира нагласува дека се повеќе се трудат да бидат транспарентни и отворени за граѓаните.
Охридскиот суд денес ширум ги отвори вратите за граѓаните. 25ти октомври е европски ден на граѓанските права кој се одбележува во сите држави во Европа, а целта е правдата да се доближи до граѓаните и тие да бидат запознаени со нејзиното функционирање.
Денес им се овозможува средба на сите граѓани заинтересирани преку непосредни контакти да остварат прием и да се запознаат со работењето на основниот суд во Охрид, вели Милчо Клишески, претседателот на основниот суд во Охрид.
Претседателот на охридскиот суд е задоволен како истиот функционира и нагласува дека се повеќе се трудат да бидат транспарентни и отворени за граѓаните.
Граѓаните не доаѓаат само во текот на овој ден туку и во тек на цела недела, а посетеноста е секогаш забележителна бидејќи доаѓаат да дискутираат за предмети кои се заведени во нашиот суд по нивна тужба, вело Клишески.
Клишески нагласува дека охридскиот суд е еден од поажурните во државава. Тој тоа го потврдува и со резултатите кои се постигнати од почетокот на оваа година заклучно со месец септември. На почетокот на 2014год нерешени предмети имало 7257, ново примени 11 213, решени се 12 970. На 01.10 2014год. останале уште 5 510 предмети за решавање. Претседателот на охридскиот суд рече дека од месец мај навака тонски се снимени 1564 предмето, а на веб страната www.osohrid.mk вкупно се анонимизирани 2185 пресуди.
Тој додадае дека во оваа институција се вработени 20 судии , а секој од нив има свој кабинет каде ги извршува своите работни задачи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град