Субвенции и за малите и големите земјоделци

Христафил Блажески од село Ливоишта е земјоделец, кој на сопствените обработливи  површини одгледува  пченица, рж, јачмен и пченка.

 |  Валентина Нелоска  | 
tabla
табла

Христафил Блажески од село Ливоишта е земјоделец, кој на сопствените обработливи  површини одгледува  пченица, рж, јачмен и пченка.

Овој земјоделец по втор пат се пријавува во агенцијата за подршка на земјоделството за добивање неповратни, државни пари  за неговото земјоделско производство.

Во агенцијата за подршка на земјоделството  за само 7 дена, од кога почна да тече доставување на документи за субвенционирање на есенските посеви, околу 100-тина земјоделци имаат доставено пријави. Лани неповратни средства од државата искористиле 900 земјоделци, а годинава се очекува пораст на нивниот  број. Тоа се должи на намалените критериуми за добивање на субвенции. Лани земјоделците за добивање субвенции требаше да имаат засеано површина со пченка 5000 м квадратни, а годинава условот е засеани 1500 м квдратни. Новина е и финансиската подршка  за старите лозови насади и луцериштата.

Agencija za zemjodelstvoВо програмата за финасиска подршка на земјоделството за 2009 година има и измени  на критериумите за субвеционирање  на  сточарите. Ако лани се субвенционираше  секое женско јагне годинава државата ќе одвојува пари за секоја овца и за секое обележано говедо.

Пријавувањето на земјоделците за субвенција на есенските посеви е 15 февруари, а за пролетните култури пријвувањето ќе биде во месец март.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top