Прозор со поглед, живот во тага

Семејството Jанкулоски е едно од дваесетината семејства во Охрид, на кои итно им е потребна не само помош од институциите, туку и од сите оние кои што можат да одвојат средства од својот семеен буџет.

 |  Голабовски Крсте  | 
kuka
куќа

JankulovskiПоглед кој секој би го посакувал од својот прозор, но не и животот зад тој прозор, кој крие многу тага. Трочленото семејство Јанкуловски од охридското село Рача, живее на работ на егзистенцијата. Во трошна куќа од само десетина квадрати, овие наши сограѓани секојдневно ја водат битката наречена живот. Вода за пиење со сомнителен квалитет, отсуство на  санитарен јазол и основни елементи од покуќнината  се само дел од проблемите кои го мачат ова семејство. Богоја Јанкулоски, некогаш вработен во градежната фирма „Бетон“, а денес поради здравствените проблеми корисник на социјална помош, со солзи во очите раскажува што на неговото семејство му е потребно за буквално да можат да ја преживеат зимата која доаѓа.

„Сега џамот да се сменит, кебиња, дрва ако може да се донесат, имам јас малку, ама нема да стигнат, синот собираше и тоа“ вели Богоја.

кукаНарушените основни услови за живот не се единствениот проблем со кој семејството Јанкулоски се соочува. И судбината на нивното трошно живеалиште е доведена во прашање поради тоа што тие не се сопственици на земјата на која е изградено истото. Нивниот 31 годишен син пак е без работа а единствените парични средства со кои располагаат се оние кои ги добиваат како социјална помош.

Екрем Каљоши, директорот на Регионалниот центар за социјални работи вели дека седумнаесет семејства од Охрид се во слична состојба како семејството Јанкуловски. Секој ден за нив е борба и потребна им е помош од заедницата. Па за таа цел, службите од центарот постојано ја следат сосотојбата со цел надминување на истата.

„Во наредниве денови очекуваме врз основа на согледувањата наши да направиме  избор на два стана и една куќа кои ќе бидат реновирани. Очекуваме вакви акции да се прифатат и од пошироката заедница, од бизнис секторот, за задоволување на тие семејства кои навистина имаат потреба“ објаснува Каљоши.

deniciЧленките на Лајонс клубот „Деница“ од Охрид, уште еднаш ја покажаа својата хуманост и како што самите велат, барем за кратко се обидоа на своите сограѓани да им го разведрат сивото и тешко секојдневие на работ на егзистенцијата. Скромната но од срце дадена помош во пакети со прехрамбени продукти, но и основни елементи од покуќнината за семејствата кои живеат во најтешки услови, членките на Лајонс клубот „Деница“, ја прибраа на денот кога светот го одбележува светскиот ден на храната. А сликата со со која се сретнале на терен за реалните проблеми на овие луѓе велат, треба сите да не загрижи, бидејќи тие луѓе се тука, тоа се наши сограѓани, соседи, роднини, пријатели.

„Навистина е тешко да се видат сограѓани, со кои живееме во ист град но живеат во многу тешки услови кои всушност не би рекле  дека се услови за живот. Сликата е разочарувачка меѓутоа ние ќе се потрудиме и на друг план да помогнеме. Оваа година помогнавме на 17 семејства но се надеваме дека ќе имаме мотив и желба од ова што го видовме следната година бројот на семејствата на кои ќе им се помогне да биде уште поголем“, раскажува Даниела Котеска Лозаноска, член, на Лајонс Клубот „Деница“.

Во прибирањето на прехрамбените производи на дениците несебично им помогнаа и фирмите „Маеми“, „Бако“, „Виа Пром Д.О.О и „Иноспектар“. Денес зимата го најави своето доаѓање, а семејството Јанкуловски е само едно од седумнаесет охридски семејства , на кои им е потребна помошта и од институциите и од сите нас.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top