Атанаско Михаилов повторно претендент за првата општинска партиска фотеља

Заврши конкурсот за нов претседател Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ

 |  Јаковлева Лионела  | 
вмро
vmro

Актуелниот претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов повторно претендент за првата општинска партиска фотеља.
Конкурсот за нов претседател на општинската ВМРО кој беше распишан пред еден месец заврши и сега во тек е втората фаза кога од страна на комисијата  на Извршниот комитет се врши селекција на пријавените кандидатаи . Откога ќе се изберат неколкумина кои најмногу ги задоволуваат поставените барања  одат на интервју кај претседателот на партијата, а за конечниот избор на претседател на ОК одлучува Извршниот комитет. Михаилов речиси пет години е на чело на Охридскиот ОК. vmroНеговиот мандат заврши уште минатата година, но не беше започната постапката за распишување на избор на нов претседател поради закажувањето на парламентарните избори. Михаилов открива за ТВМ кои се неговите мотиви за повторно да се кандидира.

Мислев дека после еден ваков период и три победи во мојот мандат треба да се  повлечам и на мое место да дојде некој друг кој ќе внесе новини во работењето на ОК и една нова енергија. Но Голем дел од членството и од граѓаните со кои секојдневно се сретнувам ме убедија повторно да се кандидирам велејќи ми дека ако не го направам тоа ќе ги оставам на цедило. Ме убедија со зборовите дека тимот што победува не треба да се менува, вели Михаилов.вмро

Михаилов додава дека мотивот за уште еден мандат како претседател на  ОК на ВМРО ДПМНЕ не му е личната амбиција  за политичка функција. Тој не сакаше да коментира околу имињата кои се споменуваат во јавноста како негови против кандидати.

Не мислам да шпекулирам со имиња. Луѓето кои се знимаваат со тоа ги знаат. Во чаршијата се прават комбинаторики, но тоа мене не ме интересира и не е моја работа, вели Михаилов

Како имиња кои се спомнуваат како кандидати за оваа партиска функција се актуелниот директор на охридската болница, Љубен Арнаудов, директорот на „Нискоградба“, Сашо Донев, портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Никола Митровиќ, директорот на подрачната единица на Агенцијата за стопанисување со стамбен и деловен простор, Гоце Георгиев како и секретарот на општината Димитар Спасески.

Инаку, покрај нов претседател ОК ќе добие и нови простории. Наскоро ќе се сели кај некогашната автобуска станица. Просториите се во сопственост на партијата и моментално се уредуваат.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top