Претставници на Советот за радиодифузија денеска ги запознаа новинарите од Охрид, Струга и Дебар со главните точки од Изборниот законик, измените и дополнувањата на Законикот, како и со правилата на Советот за радиодифузија за медиумско претставување на претстојните локални и претседателски избори.

На трибината, на новинарите и сопствениците на електронскиот медиуми од регионот им беа презентирани правилата за медиумско претставување, ценовникот на платената политичка програма, објавувањето резултати од испитувања на јавното мислење, начинот на финансирање на изборите, казнените одредби и слично.
Изборниот законик предвидува високи казни за прекршителите и до 300 илјади денари, како и забрани за емитување програма.
На трибината беше упатен повик до новинарите и сопствениците на медиуми секој обид за евентуален политички притисок да го пријават до Советот за радиодифузија, како и до Државната изборна комисија. Вакви средби со претставници на медиумите се предвидени и во останатите градови во Македонија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град