Денеска на пресконференцијата во ресторанот „ЕВРОПА“, група избирачи информираше за поднесената листа на советници за општина Охрид.
Денеска на пресконференцијата во ресторанот „ЕВРОПА“, група избирачи информираше за поднесената листа на советници за општина Охрид.
Пред три дена групата на избирачи поднела листа на советници за општина Охрид со носител на листа Петре Петрески-Калимеро. Листата била отворена во 10 часот истиот ден. Во 14 часот наредниот ден веќе биле собрани 350 потписи од избирачи кои се со закон потребни за верификација на истата пред надлежните органи.
На прес конференцијата, беа објавени дел од имињата на незвисните кандидати меѓу кои покрај носителот на листата Петре Петрески се и Венко Пашовски, Лилјана Јосифоска, Драган Спасески-Охридски, Пецо Трајкоски и др. Според Петрески станува збор за листа на советници кои се познати на јавноста .
Утре до државната изборна комисија ќе биде доставена листата за разгледување. Во наредните денови се очекуваат дополнителни информации т.е дали предложените кандидати ќе се најдат на избирачкиот список во наредните избори.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град