Инаугурација на Прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа во понеделник

Во Понеделник, 13ти октомври, во Корча, Република Албанија ќе се одржи Инаугурацијата на Прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа.

 |  Мишел Наумоски  | 
biosferen rezervat
биосферен резерват

Номинацијата на Прекуграничниот биосферен резерват Охрид Преспа беше одобрена од Меѓународниот совет на УНЕСКО за програмата „Човек и биосфера“ на состанокот одржан во Јонкепинг во Шведска, во јуни годинава, кога истиот беше прогласен за 14ти по ред Прекуграничен Биосферен резерват во светот.

Ohrid-PrespaПоздравни говори е предвидено да имаат Заменик премиерот на Република Албанија и Министрите за животна средина на Македонија и Албанија и преставниците на мисиите на Обединетите Нации и УНЕСКО. Притоа преставниците на Националните Комисии на УНЕСКО ќе го предадат Сертификатот за прогласување на Прекуграничниот резерват на преставниците на Билатералниот Комитет и Секретаријат кои беа носители на активноста. Инаку паралелно со настанот на главната улица во Корча ќе се одвива презентација на производи од Биосферниот резерват а штандови ќе имаат и Националните Паркови од Македонија, производители на земјоделски производи и производители на вино , како поддршка на туристичката промоција и значење на Биосферниот резерват.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top