На крајот од месецов ќе покажат што знаат на меморијалниот турнир во боречки вештини во Охрид, додека во Ноември заминуваат на Меѓународниот отворен турнир во Благоевград.
Тек вон до мајсторите од „Хва Ранд ИТФ“ од Лескоец со исполнета и натпреварувачка есен. На крајот од месецов заедно со кик бокс клубот Фајт клуб Мастер од Охрид ќе бидат домаќини на меморијалниот турнир во боречки вештини организиран во чест на Милчо Ангелески, истакнат долгогодишен работник во боречките вештини. На овој турнир, учество ќе земат најголемиот број од членовите на тек вон до клубот Хва Ранг.
„Во соработка со кик бокс клубот Фајт клуб Мастер од Охрид организираме на 25ти Октомври меморијален турнир во боречки вештини каде ќе бидат застапени лајт контакт дисциплината, лоу кик и ММА борви во мешани боречки вештини. Поканети се клубови од цела Македонија. Веќе почнаа да ги пријавуваат своите екипи и користам можност да се заблагодарам на општина Охрид и генералните покровители „ПН Метал“ и „НОМА Метал“. Исто така на 14ти, 15ти и 16ти Ноември со клубот ќе земеме учество на меѓународниот отворен турнир во Благоевград, кој е најјак турнир на Балканот и пошироко.“-вели Марјанчо Лазарески од тек вон до клубот „Хва Ранг“ од Лескоец.
Лазарески вели дека пред се сакаат најпрво добро да се прикажат на домашниот турнир кој ќе се случува во спортско рекреативниот центар Билјанини извори.
За таа цел веќе започнале со подготовки, додека за настапот во Благоевград велат дека се надеваат на медали, но и дека знаат која е неговата тежина. Сепак за позначителни успеси, велат дека е потребен континуитет во натпреварувањето.
„За да се постигнат некои позначајни успеси, резултати, многу е важно да има константно турнири, на запад имаат секои две недели турнири и затоа постигнуваат врвни успеси. Јас лично можам да кажам дека имам тука во младите потенцијали за европски и светски шампиони, но многу не кочи тоа што немаме континуитет на натпревари, а сето тоа е од финансиска природа. Сепак во минатото секаде каде што сме биле сме успевале да донесеме некој медал и да ја оправдаме нашата работа.“-рече Лазарески.
Инаку што се однесува на меѓународниот турнир во Благоевград, Хва ранг тек вон до клубот од Лескоец ќе патува со десетина натпреварувачи на возраст од 14 години па нагоре.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град