Tурнир во одбојка по повод роденденот на Тоше

Денеска по повод роенденот на Тоше Проески во спортската сала Билјанини Извори започна турнир во одбојка. Учество зедоа повеќе екипи од основните и средните училишта од Охрид и Струга.

 |  Ристо Јакимовски  | 
logo
лого

Денеска по повод роенденот на Тоше Проески во спортската сала Билјанини Извори започна турнир во одбојка. Учество зедоа повеќе екипи од основните и средните училишта од Охрид и Струга.

Учесниците на турнирот носеа маички со името на Тоше.
Во полната сала децата имаа можност да се забавуваат во прекрасната атмосфера и не го криеја задоволството.

sportska salaОвој настан е од хуманитарен карактер, а во организација на црвениот крст и салата „Билјанини Изовори“. Служи како потсетување дека покрај во музиката Тоше оставаше придонес и во спортот. Целта на денешниот турнир е и да се промовира одбојката во Охрид и Струга. За тоа во салата е поставена нова опрема,  неопходна за одржување на овој настан.

Манифестацијата продолжува и утре со забава во Ноќниот клуб Арена. Песните од Тоше ќе ги исполнува бендот Пирузе.

Доколку се зголеми интересот кон овој спорт во иднина може да се очекува и организирање на клуб за одбојка, во кој ќе може да се откријат идните македонски одбојкарски надежи.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top