Градинка која ќе работи и во сабота

Децата од градинката Јасна Ристеска ќе се згрижуваат и во сабота. Ова е барање на родителите кои професионално се ангажирани и за време на викендите.

 |  Лионела Јаковлева  | 
deca
deca

Децата од градинката Јасна Ристеска ќе се згрижуваат и во сабота. Ова е барање на родителите кои професионално се ангажирани и за време на викендите.

Сеуште не се знае дали за оваа услуга ќе се плаќа вонреден паричен надомест или тоа ќе биде вклучено во основната цена.

Ова е иницијатива на родителите кои професионално се ангажирани и за време на викендите па нивните деца нема каде да ги згрижат. Градинката Јасна Ристеска уште пред новогодишните празници спроведе анкета врз дел од родителите со цел да се види нивното мислење по ова прашање, а резултатите се испратени до Министерството за труд и социјала. Се чека на одговор.

gradinkaТодоровска вели дека децата ќе бидат згрижени во еден градински објект, а саботниот ден ќе биде организиран како и останатите во неделата. Директорката кажува дека сеуште не се знае дали за оваа услуга родителите ќе плаќаат вонреден паричен надомест или тоа ќе биде вклучено во основната цена.

Тодоровска кажува дека во иднина доколку има потреба може децата да се згрижуваат и во недела , а има идеја да се воведе и втора смена во текот на цела недела.

 

 

 
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top