Со групните советувања биле опфатени околу шеесетина здравствени работници од најразлични профили, а во тек се и советувањата со кои се опфаќаат граѓаните на Охрид. Загрижува податокот дека сите граѓани кои пристапиле во Советувалиштето, тоа го сториле поради здравствени проблеми.
62ца здравствени работници и тоа доктори, медицински сестри, фармацевти, акушери, лаборанти се пријавиле за групните советувања во Советувалиштето за откажување од пушење кое летово започна да функционира во рамките на Центарот за јавно здравје од Охрид. Од крајот на јуни, досега, во охридското советувалиштето биле одржани девет обуки со што истото го држи првото место според проценките на Институтот за јавно здравје. На поканата на Советувалиштето за учество во групните советувања се одзвале неколку приватни и скоро сите јавни здравствени установи од градов, со исклучок на специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ од Охрид.
Од Советувалиштето, задоволни од досегашниот одзив, но и постигнатите резултати.
„После групните едукации според програмата имаше за заинтересираните, оние што ќе донесат одлука за откажување од пушење, индивидуални советувања и едукации. Имавме повеќе здравствени работници кои учествуваа на групните едукации и покажаа желба за откажување од пушење, меѓутоа не беа подготвени сеуште да прифатат индивидуално советување. Имавме еден здравствен работник кој прифати индивидуално советување и кој што веќе ги откажа цигарите, меѓутоа треба да помине период од една година за да веќе го прогласиме како поранешен пушач.“-вели д-р Даниела Постоловска од Советувалиштете за откажување од пушење.
Задоволителен одзивот и при спроведувањето на втората фаза од функционирањето на советувалиштето за откажување на пушење во која се опфатени граѓаните на Охрид. Сепак загрижува причината поради која тие се пријавиле во советувалиштето.
„Втората фаза започна на 20ти Август, веќе имаме интерес, имаше пријавување на граѓани, обично тоа се граѓани кои имаат проблеми со здравјето, значи здравствената состојба им налага откажување од пушењето, а за тоа им треба стручна помош, така да имаме заинтересирани граѓани, веќе работиме со неколку на индивидуално советување, се надеваме ќе имаме и понатаму пријавување на нови граѓани кои што ќе донесат вистинска одлука за откажување од пушењето.“-рече д-р Постоловска.
Таа вели дека охрабрени од позитивните резултати за во иднина планираат организирање на термини за откажување од пушење и за адолесценти. Инаку за сите оние граѓани кои имаат проблем со пушењето и кои сакаат да се пријават во советувалиштето, истото можат да го сторат на телефонскиот број 231-041 и да учествуваат прво на групните, а доколку се одлучат подоцна и на индивидуалните советувања за откажување од пушење. Термините за советување се секој вторник и четврток од 13 до 15 часот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град