• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Македонските адвокати со австриски искуства за примена на современа технологија во работењето

Македонските адвокати со австриски искуства за примена на современа технологија во работењето

За да може ваквите практики да се применуваат во македонската адвокатура, претседателот на австриската адвокатска комора, Руперт Волф вели дека е потребно и електронско поврзување на судовите.

 |  Мишел Наумоски  | 
advokati
адвокати

 Македонските адвокати ќе влечат австриски искуства за примена на современи технологии во адвокатското работење. Ваквите искуства, според претседателот на Адвокатската комора на Македонија, Никола Додевски во голема мера ќе придонесат во унапредувањето на двањето на правна помош од страна на адвокатите. 17Ина адвокати од македонската комора денес на заедничка средба австриските искуства во оваа област ги слушнаа лично од претседателот на Австриската комора на адвокати.

advokatska komora na Makedonija„Кај нив има интересни искуства околу ангажманот на адвокатите во земање на тестаментални изјави на волја, архивирање, електронско чување итн. Така да една од темите ќе биде тоа, но и генералните искуства кои тие ги имаат како комора како традиција во која што е суштествено да се остварува демократската волја на адвокатите и особено што помодерно и покомпетитивно застапување на нашите клиенти.“-вели претседателот на Адвокатската комора на Македонија, Никола Додевски.

Електронското работење во австриската адвокатура започнало уште пред 24 години преку имплементирање на безбедни системи на електронски комуникации со судовите.

Претседателот на Австриската адвокатска комора, Руперт Волф вели дека овој систем во моментот е доведен до совршенство. Додава дека во Австрија адвокатите можат ако сакаат и на полноќ во недела да поднесат тужба и да се притоа сигурни дека истата ќе стигне во надлежниот суд. Но за ваквиот систем да функционира и кај нив, но и во Македонија, Волф смета дека потребни се промени и во судовите.

avtriska advokatska komora„И судовите мора да имплементираат одредени работи. На пример во Австрија тие мораа да инвестираат во електронска инфраструктура. Но во денешно време не можете да работите како суд без употреба на компјутери. Тоа е невозможно. Па затоа австриските судови инвестираа. Таа инвестиција си има свој повраток. Како пример ќе споменам дека судовите, своите пресуди на адвокатите им ги праќаат електронски, што многу помага бидејќи го имаме текстот и можеме да употребуваме делови од него во составување на нашите жалби по пресудите, а од друга страна, електронските судски одлуки се архивирани и секој може да пристапи до нив, тие се анонимни.“-рече Руперт Волф, претседател на Австриска адвокатска комора.

Инаку Република Македонија односно Адвокатската комора на Македонија има околу 2500 активни адвокати, додека на денешната средба учество зедоа околу 17ина.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top