РК Охрид подготвен за супер лигата

РК „Охрид 2013“ ова година влегува со поголеми амбиции и со поголем буџет. Од Управата на РК очекуваат нивниот тим да биде дел од елитниот македонски ракомет како што изјави претседателот на клубот Димитар Спасески.

 |  Николоска Биљана  | 
rakomet
ракомет

РК „Охрид 2013“ на само еден ден пред почетокот на ракометната супер лига за мажи, подготвен е за успешен старт. Димитар Спасески претседателот на клубот во име на Управниот Одбор кажа дека главната цел минатата година била остварена, односно обезбедиле опстанок на клубот во рамки на супер лигата.

rakomet„РК Охрид 2013 АД“ оваа година влегува со поголеми амбиции од минатата година како резултат на тоа зголемен е буџетот од страна на локалната самоуправа и бизнис заедницата која го поддржува клубот. И сакма да изразам голема благодарност до градоначалникот Бакрачески и Локалната самоправа и секако до сите приватни компании кои веруваат во нас и со своите финансиски средства овозможуваат развој на ракометот во Охрид“ – вели Спасески.

Ракометарите на утрешниот натпревар во Прилеп одат добро подготвени, вели тренерот на РК Горан Андоновски. Додава дека за тоа им биле обезбедени оптимални услови, спортска сала, теретана, тартан стазата на СРЦ „Билјанини Извори“. Андоноски нагласува дека годинава настапуваат со една пореспектабилна екипа за што довеле играчи со кои очекуваат да биде подигнато нивото на нивната игра.

rakometМинатата година го остваривме тоа што се бараше од нас дури не завршивме само со борба за опстанок туку на крајот бевме  на 6 то место во супер лигата. Оваа година се надеваме дека ќе бидеме некое скалило погоре. Сигурно голема желба моја и на Управата на клубот е да успееме да бидеме барем 2 места до 4 то место во лигата што би допринело во март, април месец постојани гости во нашиот град да бидат еден Вардар и Металург и да гледаме европски утакмици“ – нагласува Андоноски

Андоноски потенцира дека се во голема позитива бидејќи напорно тренирале и немале повреден играч.  Десет ракометари кои играат во првата екипа се од охридско струшкиот регион, млади деца на возраст од 23 – 24 години. Управниот Одбор на РК донесе одлука во однос на цената на влезниците. Прв пат годинава Ракометниот Клуб Охрид ќе може да се следи со годишна карта, која за сите натпревари ќе чини 400 денари и од понеделник ќе биде пуштена во продажба, додека пак поединечно за секој натпревар влезниците ќе чинат 30 денари.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top