Медиумската заедница во чест на своите колеги

Споменот на своите колеги не дозволуваат да избледи од охридската медиумска заедница.

 |  Голабовски Крсте  | 
petar i mravka
петар и мравка

Споменот на своите колеги не дозволуваат да избледи од охридската медиумска заедница. Така во спомен на колегите Петар Алексоски од ТвМ,  Влатко Пантовски и Наумче Аврамовски, но и на Јован Слатинец – Дџ Мравка, чии животи исто така завршија прерано, охридските новинари и вработените во локалните Тв и Радио куќи, и интернет портали ќе играат ревијален – медиумски фудбалски натпревар.

bruce i panterДвете екипи кои ќе играат фудбал ќе бидат составени од новинари и вработени во редакциите на охридските медиуми. Целта на истиот е преку спорт и дружење да се потсетат на колегите и да се подзаборави на некои пресилни зборови или постапки.
Овој меморијален турнир, кој организаторите сакаат да прерасне во традиционален ќе се одржи на 28-ми септември во спортската сала „Климент Колески” во Охрид.

Моторџиите пак од мото клубот „Мото Охрид” од Охрид и оваа година ќе возат почесен круг во чест на Дџ Пантер и Дџ Бруце, кои ги загубија живототите во тешката сообраќајната несреќа, што се случи на 24-ти септември 2008. година, околу 21:00 часот на магистралниот пат Охрид-Битола, во близина на планинскиот превој Буково.

Со тоа охридските моторџии во недела на 21-ви септември ќе ја продолжат традицијата и ќе го зачуваат споменот на двајцата свои сограѓани, кои трагично ги загубија животите во незгодата. Ќе возат од Охрид, преку Струга, Дебар, манастирот Бигорски, преку Маврово и Кичево, повторно до Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top