Поради рационализација на возниот парк на Јавното Претпријатие „Охридски Комуналец“, промена на термините на подигање на комунален смет во Охрид.
Три термини за три различни реони за подигање на комуналниот отпад во градов. Поради проблемот од недостиг на возила за подигање на сметот, кој најмногу доаѓа до израз за време на туристичката сезона, ЈП „Охридски Комуналец“ веќе неколку месеци прво пробно а сега и официјално отпадот од Охрид ќе го подига од понеделник до сабота за три различни реони. Постојат три термини за подигање на смет и тоа во првиот реон сметот ќе се подига во понеделник и четврток, во вторник и петок во втор реон и во среда и сабота во третиот реон. Елена Скрческа директорката на ЈП „Охридски Комуналец“ вели дека на ваков чекор приморани со цел да се направи рационализација на возниот парк за постигнување на максимални резултати.
„Користиме големи возила од типот од 16 м/3 онаму каде налага теренот односно ширината на улиците, додека помалите возила се користат за подигање смет на сокаците како на пример на „Питу Гули“ и по селата. За стариот дел на градот оваа година имавме позајмено едно возило од 3 м/3 од скопското комунално претпријатие „Комунална хигиена“ на заем за два месеци и го искористивме максимално за да можеме да одгвоориме на барањата на граѓаните. Инаку користевме мало возило или трактор за што во никој случај не дозволуваа условите за еден туристички центар“ објаснува Скрческа.
Скрческа додава дека возниот парк и механизацијата би биле доволни до почетокот на туристичката сезона, но за време на истата количеството на смет во градов значително се зголемува посебно со користењето на викенд становите, за што се тие дирекни сведоци. Неофицијално дознаваме дека возниот парк на ова јавно претпријатие наскоро треба да се збогати со четири нови возила.
Проблем на кој граѓаните постојано реагираат се хигиенските услови околу таканаречените прес контејнери, или популарно наречените зелени острови, во населбите „Христо Узунов“ и на улицата „Богомилска“. Директорката на Комуналец со став околу хигиената и „зелените острови“.
„Таму се лоцирани поголем број на колективни стамбени згради и макисмално ја држевме хигиената таму. Во последно време се јавуваат граѓани како насилници кои оставаат кабаст отпад околу тие прес контејнери. Ние одговоараме на тоа колку можеме. Можеби еден ден ќе задоцниме, но другиот ден ги подигаме“, потенцира Скрческа.
На реакциите пак на ѓраѓаните во врска со задоцнетото поставување на обичните контејнери за одложување на комунален отпад, Скрческа со објаснување дека истите се земаат од нивните служби и се носат во РЕ „Механизација“ на еден до два дена максимум, со цел нивно чистење и замена на тркалата или капаците, кои посебно кај новите пластични контејнери бараат почесто одржување.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град