Ивановски: Македонија една од малкуте земји со отворени бази на податоци

Во светот на информациски технологии и обемни бази на податоци, вистински предизвик е да се разберат различните дефиниции на податоците-рече денес министерот за информатичко општество, Иво Ивановски. За претседателот на државата Иванов, фокусирањето на земјата кон информациските технологии е најкраткиот пат до реформите и успехот.

 |  Мишел Наумоски  | 
inovacii
иновации

Во хиперповрзаниот свет на глобални случувања, големите бази на податоци го менуваат светот. Вистински предизвик е начинот на кој се разбираат податоците, истите може да бидат сфатени како јавен ресурс, како приватна сопственост или како израз на индивидуален идентитет. Ова се дел од поентите искажани на затворањето на 18та конференција за достигнувањата во доменот на базите на податоци и информациони системи АДБИС и почетокот на 6та ИЦТ конференција за иновации кои се одржуваат во Охрид. Според претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, во обидот да се достигне иднината и врвните вредности најкраткиот пат е преку употребата на информациските технологии.

konferencii informatika„Информациската технологија може да биде генератор на економскиот раст во државата и средство за постигнување благосостојба во општеството. Сите држави кои постигнале значителен раст и успеале да скокнат десетици места нанапред на светските ранг-листи на држави според богатство имаат едно нешто заедничко. Сите тие се напредни корисници на информациско-комуникациските технологии. За разлика од другите технологии, кај информациските технологии државата не мора да биде изумител на нови технологии, не мора дури ни да биде произведувач за да бележи економски раст. Доволно е да биде напреден корисник на информациската технологија.“-вели претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Министерот за информатичко општество, Иво Ивановски во своето обраќање запраша „Што се тоа обемни податоци?“. Според него обемот на податоци со кои се работи во светот постојано се менува во нагорна линија. Ивановски додава дека Република Македонија е една од малкуте земји во светот кои своите бази на податоци ги направија достапни за јавноста.

ICT„Република Македонија како земја членка на партнерството за отворени влади го имплементира акциониот план за отворање на регистрите и базите на податоци кои владините институции ги поседуваат. Имплементиравме нов закон за податоците кој само неколку земји во светот храбро го прифатија. Со таа легислатива, секоја институција која има податоци од важност за јавноста и граѓаните и невладините организации, податоци кои може да создадат додадена вредност на нашата економија. Институциите се обврзани тие податоци да бидат онлајн со 100 процентна точност и достапни за читање не само за граѓаните туку и за машини за читање на податоци.“-рече министерот за информатичко општество, Иво Ивановски.

Улогата на домаќин на двете конференции ја имаше градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

„Се работи за еминентни конференции на кои присуствуваат видни имиња од областа на информациските технологии, истражувачи, професори и претставници на големи европски и светски компании кои овде ќе имаат можност да ги изложат најновите достигнувања во информациската технологија, да разменат искуства од кои секако и Република Македонија и Охрид ќе има значајна корист во иднина со оглед на тоа што светот на информациски технологии рапидно се развива и претставува дел од нашето секојдневно живеење.“-изјави градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Инаку во рамките на двете конференции, учество зедоа професори, иноватори и истражувачи во полето на базите на податоци од 32 различни земји.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top