Колекторскиот систем ќе се рехабилитира по јапонски терк

Делегација од Македонија беше во посета на Јапонија каде практиќно беше запознаена со начините на кои може да се санира колекторскиот систем. Методите може во целост да се аплицираат кај нас.

 |  Јаковлева Лионела  | 
kolektor
колектор

Тим од Македонија составен од неколку преставници кои години наназад работат на заштита на Охридското Езеро десет дена беа во Јапонија каде  имаа можност да ги согледаат начините за рехабилитација на цевките на колекторските системи и начинот на којшто се управува со водоводниот систем. Оваа посета е дел од проектот за рехабилитација на колекторскиот систем на Охридското Езеро.паноски

Она што го видовме на лице место, презентацијата за начинот како ќе се врши рехабилитацијата на системот беше навистина позитивно и апликативно за нашето езеро и неговиот колекторски систем. Најпозитивно е што во Јапонија практично видовме како се спроведува постапката за заштита на водите. Многу е едноставно, но треба виисок степен на професиопнализам. Нема копање, нема застој во сообраќајот што е многу важно за туристички градови како што се Охрид и Струга, изјави  Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро.kolektor

Изработка на физибилити студија за реконструкција на колекторскиот систем на Охридското Езеро јапонскитец експерти ја започнаа во мај годинава. Нејзиниот нацрт треба да биде готов во декември , а финалната верзија во март наредната година.. Паралелно со тоа ќе течат и договорите помеѓу владите на Р. Македонија и Јапонија за да се направи финасиската конструкција за реализација на овој голем проект.

Мислам дека ова што го работиме е од непроценливо значење за заштитата на езерото. Ова е генерациска прилика за рехабилитација на колекторот. Тој ќе се рехабилитира парцијално бидејќи трошоците се многу големи за да се работи одеднаш. Ќе се оди по приоритети. Ќе започнеме опд оние точки кои се најзагрозени, објаснува Паноски.

Инаку, активностите на Јапонската агенција околу рехабилитација на колекторскиот систем на Охридското Езеро се резултат на потпишувањето на договорот за соработка во областа на екологијата помеѓу Владите на Република Македонија и Јапонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top