Екипите од Хидробиолошки завод денес ги уловија првите примероци. Меѓу нив, мал е бројот на единките кои можат да бидат искористени за репродукција.
Екипите на Хидробиолошки завод, по петти пат, го започнаа ловот на пастрмката за вештачки мрест. Единките беа уловени на три пунктови: кај Пештани, Трпејца и Охрид. Споредено со изминатите неколку години, денешниот улов е слаб, велат од Хидробиолошки завод. мал е бројот на единки кои би се искористиле за давање на подмладок. основната причина за ова ја гледаат во фактот што од албанската страна на езерото и понатаму неконтролирано се лови пастрмката помлада од 2- 3 години.
„Денес уловот е релативно слаб. Очекувавме да биде подобар. Ги нема единките кои би можеле да се искористат за репродукција“, вели Зоран Спиркоски од Хидробиолошки завод- Охрид.
Од тие причини научните работници апелираат ловот на пастрмката со закон да се забрани и од албанска страна.
Како што е познато, по собирањето на икрата од уловените матици тие ќе бидат живи вратени во езерото. Целта е да се обезбеди биолошкиот минимум на пастрмката.
„Ловот го вршиме со рибари на неколку пунктови, како што беше случај и во изминатите 5 години“, информира Гоце Костоски, Директорот на Хидробиолошки завод.
Од Хидробиолошки завод се надеваат дека и годинава ќе успеат да соберат околу 3 милиони икра.
Ловот на пастрмката за вештачки мрест и годинава се врши со средства на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град