Пазарната инспекција во Охрид од почетокот на годинава одкога стапи на сила Законот за забрана на употреба на пластични кеси има направено 70 надзори.
Пазарната инспекција во Охрид од почетокот на годинава одкога стапи на сила Законот за забрана на употреба на пластични кеси има направено 70 надзори.
Против прекршителите сеуште не се изречени казни, бидејќи Владата препорача да се даде време трговците да се организираат и да набават
хартиени кеси.
Големите маркети и колонијални продавници повторно под будното око на инспекторите. Пазарната инспекција во Охрид од почетокот на годинава одкога стапи на сила Законот за забрана на употреба на пластични кеси има направено 70 надзори. Ѓорѓи Бошалев, раководителот на охридскиот пазарен инспекторат вели дека трговците се заинтересирани за користење на хартиените кеси и во поголемиот дел од маркетите тоа е веќе пракса. Но тој објаснува дека сега се појави нов проблем бидејќи нема доволно производство на хартиени кеси.
Трговците кај кои ќе се затекне употреба на најлонски кеси со носивост под 5 килограми и дебелина под 14 микрони ќе платаат глоба од 6000 евра. Продавачите на градскиот пазар според законот може да користат и најлонски кеси со носивост под 5 килограми, но тие не смеат да бидат со рачки. За појаснување: еден килограм јаболка или компири продавачот може да ги стави во најлонска кеса без рачки, но потоа купувачот истите да ги стави во платнена или хартиена кеса. За трговците кои продаваат текстил не важат овие правила. Тие можат да користат најлонски кеси, но истите не смеат да ги продаваат.
Против прекршителите сеуште не се изречени казни, вели Бошалев бидејќи Владата препорача да се даде уште малку време трговците да се организираат и да набават хартиени кеси. Инаку законот го изготви Министерството за животна средина и просторно планирање со помош на Министерството за економија. Целта е да се заштити околината во која живееме од пластиката која е нејзин голем загадувач.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град