Лисици сеуште се шетаат низ стариот дел на градов, но забележани се и на други локации. По емитувањето на прилогот на Телевизија ТВМ се јавија нмногу граѓани кои овие диви животни ги забележале во нивната околина. Од Локалната сеуште молк. Тие и понатаму тврдат дека не се надлежни. Од Центарот за јавно здравје предупредуваат дека лисиците се голема опасност за граѓаните.
Лисица со шест мали лисичиња сеуште се шета во стариот дел на градот. И покрај бројните реакции на варошани никој не се најде надлежен за решавање на овај сериозен проблем. Од локалната се оградија велејќи дека немаат никакви ингеренции и дека за тоа се задолжени други институции, а пред се Агенцијата за храна и ветеринарство која е одговорна за применување на Законот за благосостојба на животните. Од Агенцијата за храна и ветеринарство пак велат дека можат да интервенираат само во случај ако има отстрел на некое диво животно по што излегуваат на терен земаат мостри за да испитаат да не е заразено од некоја болест. Од Секторот за ловство при подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објаснуваат дека не се во нивна надлежност животните во населено место и дека тие можат да интервенираат само во ловни подрачја кои се под нивна концесија. Од ловното друштво Охрид апелираат граѓаните да не се осмелуваат да вршат заловување на лисиците бидејќи тоа е казниво со закон, но и опасно. Институциите никако да се договорат кој е надлежен за решавање на овој проблем, а лисиците и понатаму преставуваат потенцијална опасност за граѓаните. Од Центарот за јавно здравје укажуват на сериозноста на овој проблем и на опасноста кој ги демне граѓаните.
–Лисиците се сметаат за најголем резервоар на беснило. Од нив можат да се заразат некои домашни животни пред се кучињата кои потоа болеста можат да ја пренесат на луѓето. Човекот може да се зарази при предизвикување повреда од диво животно при што плунката од животното ја контаминира раната, вели Јованка Стурлакова Коровешоска- епидемиолог од Центарот за јавно здравје.
Стручњаците кажуват дека појавата на диви животни во урбана средина пред се се должи на недостиг на храна во нивното примарно место на живеење, но лисиците ги привлекува и зголемениот број на глодари во градовите. Мештаните на стариот дел на градот велат дека во околината забележале зголемена појава на глувци и стаорци.
–Ние извршивме дератизација минатата есен. Опфатени беа 3000 шахти. И оваа година кон крајот на септември, почетокот на октомври повторно ќе се изврши дератизација на уличните шахти, вели Коровешоска.
Граѓаните бараат да се реши овој проблем и да не се замижува пред истиот. Сметаат дека Локалната иако можеби нема директни ингеренции треба да превземе иницијатива бидејќи овие диви животни се наоѓаат на нејзина територија. Прашуваат што ако лисиците нападнат некого и недај боже биде заразен. Кој тогаш ќе ја сноси одговорноста?
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град