Се пролонгира најавенаат изградба на ботаничката градина на ФТУ. Реализацијата на проектот доцни од административни причини, вели деканот. Ботаничката градина е дел од проектот во кој учествуваат четири партнери, Општина Охрид, Општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун па заедничкиот технички секретарјат е во фаза на ревизија на сите проекти и нивните буџети, објаснува тој.
Доцни изградбата на ботаничката градина на ФТУ. Уште пролетта беше најавено дека овој комплексен проект треба да биде завршен за 15 месеци, а постапката за распишување на тендер требаше да започне веднаш после изборите кои се одржаа во април. Ботаничката градина е дел од проектот во кој учествуваат четири партнери, Општина Охрид, Општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун. Вкупната сума која е одобрена од ИПА фондовите е 600 000 евра од кои ФТУ добил околу 60 000 евра. Од нив 27 000 евра ќе бидат употребени за набавка на софистицирани апарати за опремување на кујната, а 25 000 евра ќе бидат наменети за изградба на ботаничката градина.
–Реализацијата на проектот доцни од административни причини бидејќи заедничкиот технички секретарјат е во фаза на ревизија на сите проекти и нивните буџети и кога тие ревизии што не се само за нас туку за цела Македонија ќе завршат следува формалното потпишување, вели Д-р Коруновски.
Градината треба да биде лоцирана позади факултетот и ќе биде застаклена. Во неа планирано е да има зачини и лековити билки, а еден мал дел ќе биде оставен за органско производство. Целта е да се користат домашно одгледани производи и на секој гостин да му се приреди посебно доживување. Интересно е што гостите ќе можат да се прошетаат низ ботаничката градина, да си изберат што сакаат и тоа да им биде зготвено. Ќе се користат одржливи извори на енергија коко што е сонцето, а со тоа ќе се оди на енергетска заштеда. Во градината ќе има и фонтана која ќе биде украс, но ќе служи и за наводнување на растенијата.
Изјава
–Таа градина ќе биде една атракција во градот Охрид. Ние ќе сме лидери во оваа област во државава, а вака функционираат најеминентните институции за гастрономија во светот, вели деканот на ФТУ.
Покрај ботаничката градина и реализацијата на овој проект имаме уште една преокупација, кажува деканот. Кујнската опремата вредна околу 40 000евра која веќе ја имаме набавено, во овој есенски период треба да ја наместиме и од напролет веќе да ја ставиме во функција. Тоа ќе е од голема корист за студентите бидејќи тие максимално ќе се обучат во современата кујна, а по завршувањето на школувањето бизнис заедницата ќе добие готов стручен кадар. Коруновски објаснува дека доаѓа времето кога гастрономијата ќе биде високо ценета професија. „Заврши времето на обични скараџии и готвачи, вели деканот. Сега е време на добри гастрономи кои ќе ги пратат современите светски трендови во туризмот“, додава тој.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град