„Вкусови на традицијата“ на „Охридска софра“ во Скребатно

Во сабота сите на охридска софра во Скребатно. Покрај ѓомлезе ќе можат да се вкусат и други охридски специјалитети. И екипата на „Вкусови на традицијата“ емисијата посветена на традиционалните јадења заедно со нејзиниот водител Адријана Алачки ќе се дел од овогодинешната манифестација.

 |  Јаковлева Лионела  | 
gomleze
ѓомлезе

 

„Вкусови на традицијата“ на „Охридска софра“ во Скребатно. Екипата на емисијата посветена на традиционалните јадења заедно со нејзиниот водител Адријана Алачки ќе се дел од овогодинешната манифестација „Охридска софра“. Што е уште поинтересно на Алачки асистент во готвењето на еден познат охридски специјалитет ќе и биде градоначалникот Никола Бакрачески. Ова е една од новините кои годинава организаторот ги внесе со цел што повеќе да се испромовираат охридските специјалитети пред гостите.софра

Главната иницијатива и идеја потекна од соработката со организаторот на оваа емисија. И лани заедно со Г-ѓа Алачки во Охрид организиравме снимање на четири емисии во кои се прикажуваше подготвување на охридски специјалитети така да ова прераснува во традиција, вели Ѓоко Апостолов од ТЛЕР.
sofra
На манифестацијата „Oхридска софра“ главниот примат традиционално ќе го има ѓомлезето. СЕ е подготвено за натпреварувачкиот дел кој треба да започне во сабота во 9 часот и да трае до 12 часот.

Во однос на организациониот дел она што го најавивме целосно ќе се реализира. Имаме 25 пријавени ѓени кои ќе подготвуваат ѓомлезе. Ѓе има и презентација и промоција на друга храна при што е вклучен и ФТУ. Ќе има и охридско сирење, зеленчук и овошје и се она што е препознатливо за овај регион, вели Апостолов.

И годинава за најубавото ѓомлезе следува награда од 10 000ден., второпласираното ќе добие 6000ден, а третонаграденото 4000. За сите заинтересирани ќе има бесплатен превоз од 9 до 10 часот кој ќе поаѓа од средселото на Лескоец, а враќањето е по завршувањето на манифестацијата. Поканети се многу високи личности како амбасадори, дипломати, а сите хотели и агенции во Охрид имаат промотивен материјал како би ги информирале заинтереситраните за охридската софра 2014та. За забавниот дел ќе се погрижи етно групата „Чалгија саунд систем“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top