Тие беа најсреќните помеѓу неколку стотината капачи кои влегоа во водите на езерото да го одбележат денот на рибарите. Меѓу нив и градоначалникот Петрески и европретставникот Фуере.
Тие беа најсреќните помеѓу неколку стотината капачи кои влегоа во водите на езерото да го одбележат денот на рибарите. Меѓу нив и градоначалникот Петрески и европретставникот Фуере.
Климе Лотески и неговите другари најбргу стасаа и го извлекоа од езерската вода бурето со 100 литри вино кај Сараиште. Тие заедно со уште стотина капачи учествуваа на традициналното капење со кое се одбележува Денот на рибарите.
„Не беше наместено. Бурето го фативме шест луѓе и заедно ќе го пиеме“, рече Климе Лотески.
На одбележувањето на Денот на рибарите на Сараиште, кое од година во година е се помасовно, присуствуваа неколку илјади граѓани. Се јадеа плашици, се пиеше вино и топла ракија. Граѓаните се задоволни од масовното одбележување на Денот на рибарите.
Помеѓу стотината капачи кои влегоа во ладната езерска вода беа и градоначалникот Петрески и европретставникот Ерван Фуере, кој неколку години по ред не ја пропушта можноста да присуствува на овој настан во Охрид.
„Прекрасно чувство е. Многу сум среќен што повторно учествувам во одбележувањето на оваа прекрасна традиција. Не беше ладно како минатата година. Капењето не е поради виното. Ова е прекрасен пример за големиот дух кој постои овде во Охрид“, изјави европретставникот Ерван Фуере по капењето во езерото.
На денешен ден, децении наназад, рибарите од стариот дел на градот се капеле во водите на Охридското езеро. Со тоа се означувал крајот на забраната за лов на пастрмката позната како татиљ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град