Холивудска продуцентска компанија, ќе снима кратки промотивни филмови за Охрид

Ова е резултат на соработката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со Холивудскaта продуцентска компанија, Infinity pictures and HMB (Hollywood Media Bridge) во склоп на активностите за промовирање на Македонија во светот како атрактивна туристичка дестинација.

 |  Мишел Наумоски  | 
promo Ohrid
промо Охрид

Охрид, Галичица, св Наум, охридскиот бисер, филигранството и пештерните цркви во Струга ќе се промовираат во светот преку кратки филмови кои ќе ги изработи холивудска продуцентска куќа.

promo videa OhridОд утре па се до 10ти септември во Македонија ќе престојува тим на компанијата  Infinity pictures and HMB (Hollywood Media Bridge). Познатиот CNN Travel Guru, репортер, продуцент и поранешен дипломат  Перси Вон Липински, во Македонија на инфо тура која ќе трае 18 дена носи екипа составена од познати професионалци во филмската индустрија. Тимот на Липински го сочинуваат: Филип Голдфајн и Тимоти Марлоу, филмски продуценти, добитници на Оскар. Роб Хабер е снимател за некои од најголемите филмови во Холивуд, вклучувајќи го познатиот оскаровец  Англискиот Пациент и новинарката Жаклин Винзелберг. Перси Вон Липински во последниве години работи за Universal Studios во Холивуд како “ловец на атрактивни локации” за промовирање и развивање на филмски туризам.

kukliciТој заедно со својот тим  ќе снимаат петнаесет кратки промотивни филмови за Македонија кои ќе се емитуваат на пет странски јазици на you tube , ќе бидат промовирани на социјалните мрежи ширум светот и на познати светски медиуми. Покрај во Охрид промотивни видео материјали ќе се снимаат  и во Старата скопска чаршија, археолошките локалитети во околината на Скопје, кањонот Матка и пештерата Врело, Маврово, Галичник, Јанче, Лазареполе, манастирите Св Јован Бигорски и Рајчица, Крушево, Прилеп, манастирот Трескавец, Дојранското езеро и ловењето риба со корморани и винската приказна на тиквешијата. Снимањата ќе завршат  со посета на Берово и снимањето на Куклици и Кокино.

Огранизациски и логистички снимањето на кратки промотивни филмови за Македонија е поддржанo од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, која детално ги разработи сите сегменти и ги оствари сите контакти потребни за професионално и успешно реализирање на овој проект.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top