Денешната прес конференција на општинската Вмро Дпмне предизвика реакции од кабинетот на градоначалникот Александар Петрески. Од таму велат:
Денешната прес конференција на општинската Вмро Дпмне предизвика реакции од кабинетот на градоначалникот Александар Петрески. Од таму велат:
„Кога е во прашање партиското саморекламирање за локалната опозиција ништо не е свето“.
„Одржувањето на прес конференција од страна на Вмро Дпмне на овој голем христијански празник кој многу се почитува и чествува во Охрид е уште еден доказ дека на локалната опозиција, првенствено на општинската ВМРО ДПМНЕ, изгледа ништо не и е свето кога е во прашање партиското саморекламирање“, вели портпаролот на градоначалникот,Никола Маневски.
Тој сугерира барем на вакви денови да се остават граѓаните на раат да празнуваат без притоа преку медиумите да им бидат сервирани разни неосновани критики упатени кон актуелниот градоначалник.
Маневски посочува дека и вчера, додека дваесеттина илјади граѓани – верници , гости и туристи присуствуваа на манифестацијата по повод големиот христијански празник Водици, припадниците на ВМРО ДПМНЕ не пропуштија да ја искажат својата партиска загриженост од високиот рејтинг на градоначалникот Петрески.
Портпаролот на градоначалникот и порачува на локалната опозиција да се воздржи од препукувања на вакви значајни празници. Тој вели дека ќе има денови за на мегдан и апелира предвреме да не се започнува со предизборната кампања. „Кога ќе дозволи законот градоначалникот ќе седне очи во очи со партиските опоненти и со факти ќе ги демантира сите неточни информации кои деновиве се пласираат против него“, додава Маневски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град