• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Струга
  • „Поезијата ја има моќта да ја направи туѓата земја како родно место“-порача годинешниот лауреат на СВП, Ко Ун

„Поезијата ја има моќта да ја направи туѓата земја како родно место“-порача годинешниот лауреат на СВП, Ко Ун

Со оваа мисла, годинешниот лауреат на Струшките вечери на поезијата, Ко Ун, ја појасни неговата врска со Струга и со Миладиновци.

 |  Мишел Наумоски  | 
ploca ko un
плоча ко ун

„Поезијата не познава граници и далечини. Родното место е како утопија, место за душата каде мирот целосно се реализира. Поезијата има моќ да ја направи туѓата земја како родно место.“ Со овие зборови, годинешниот лауреат на Струшките вечери на поезијата, јужнокорејскиот поет Ко Ун ја појасни својата врска со Струга, со Миладиновци и потребата и желбата да биде дел од една од најзначајните поетски манифестации во светот.

laureat Ko Un„Благодарение на топлото гостопримство од Мите Стефоски, Славе Димоски и сите соработници на Струшките вечери на поезијата и дамите и господа поети од Македонија и целиот свет кои се дојдени за да празнуваме на Струшките вечери на поезијата. Мојата жена Ли Сан Пхуа, спомена дека не е доволно да ја види Македонија и од нејзиниот збор и јас решив да одам по стапките на 5000 други поети кои некогаш биле во Струга.“-вели годинешниот лауреат, добитникот на Златниот венец, Ко Ун.

За директорот на Струшките вечери на поезијата, Мите Стефоски, не случајно Ко Ун е добитник на најголемото поетско признание во светот, бидејќи според него, Ун е најголемиот корејски, но и еден од најголемите светски поети. За неговата поезија рече дека е вистинска привилегија да се има можноста да се прочита.

park na poezijata„Струшките вечери на поезијата, преку наградувањето на најголемиот поети на корејскиот јазик има во својата ризница уште еден огромен опус на вредности со што не се збогатени само македонската туку и светската литература. Долго ќе живее неговото дрво засадено во „Паркот на поезијата“, но и неговите цветови меѓу кориците на оваа книга ќе продолжат да живеат долго и да имаат влијание во македонската литература.“-рече директорот на Струшките вечери на поезијата, Мите Стефоски.

За претседателот на управниот одбор на фестивалот, нашиот истакнат поет, Славе Ѓорго Димоски, Ко Ун нуди разнообразна поезија, поезија која ги користи сите поетски форми и стилови со интензитет кој потсетува на интензитетот на неговиот животен пат.

Struski veceri na poezijata„На 53то издание горди сме што го имаме 49от добитник на Златниот венец, јужнокорејскиот поет Ко Ун. Тој е едно од најголемите имиња во јужнокорејската литература но и светската. Му го честитам ова високо признание на од денес веќе и нашиот пријател Ко Ун и горд сум како претседател на управниот одбор на Струшките вечери на поезијата што корејскиот јазик е преплетен и во нашиот.“-изјави претседателот на управниот одбор на СВП, Славе Ѓорго Димоски.

За професорот и поет, Зоран Анчевски кој го направи препевот на поезијата на Ко Ун, целиот процес бил еден голем предизвик.

„Малку го познавав нашиот венцоносец претходно. Инцидентно имав читано по врвни поетски списанија од неговите стихови и прво расчитот на неговата поезија беше голем предизвик за мене. Се работи за еден неверојатно силен поето чие поетско писмо црпело енергија од една долговековна традиција, не само корејска туку поширока азиска констелација од која постојано се хранел.“-вели Зоран Анчевски-препев на поезијата на Ко Ун.

Инаку лауреатот Ко Ун утринава во Паркот на поезијата го засади традиционалното дрвце веднаш до спомен плочата која го носи неговото име како сведок за неговиот допринос во македонската и светската литература односно Струшките вечери на поезијата. Официјалниот дел од годинешното 53то издание на Струшките вечери на поезијата започнува вечерва со свеченото отворање, меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“ и „Ноќ без интерпункција“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top