Според раскажувањата на варошани лисици веќе подолго време живеат во дувло кое се наоѓа под Самоиловите тврдини. Бараат локалната да го реши проблемот. Од таму велат дека не се надлежни уи упатуваат на други институции.
Лисица со шест мали лисичиња се одомаќини во стариот дел на градот. Според раскажувањата на варошани лисиците веќе подолго време живеат во дувло кое се наоѓа под Самоиловите тврдини. Лисиците најчесто можат да се забележат во ноќните часови кога излегуваат надвор и се спуштаат во околните куќи во потрага по храна. Мештаните зад камера кажуваат дека лисиците се толку припитомени што не се плашат од луѓето па влегуваат во нивните дворови. И децата кои живеат во овој дел од градот имале блиски средби со овие диви животни. Едно седум годишно девојче раскажува дека додека една вечер си играло со другарчињата во близина на Плаошник виделе некакво животно со голема опашка. Поголемите деца го потврдија настанот кажувајќи дека секоја вечер гледаат лисици кај ископините на Плаошник . Се плашат за својата безбедност и здравје. Иако се деца знаат дека овие диви животни се преносители на заразни болести и беснило. Вазрошани бараат институциите да најдат начин да ги отстранат лисиците и да ги одведат во нивна природна животна средина. Варошани велат дека Локалната знае за овој нивни проблем но ништо не превзема. Од Локалната пак, негираат велејќи дека немаат никави официјални податоци за присуство на лисици во стариот дел на градот. Велат дека немаат никакви ингеренции за решавање на проблемот и дека за тоа се задолжени други институции, а пред се Агенцијата за храна и ветеринарство која е одговорна за применување на Законот за благосостојба на животните.
Контактиравме и со Агенцијата за храна и ветеринарство, но и од таму се оградуваат дека во нивна надлежност е решавањето на овој проблем. Тие објаснуваат дека општината треба да превземе иницијатива бидејќи со дивите животни кои се наоѓаат на нејзина територија располага таа. Тие само можат да помогнат. Ова ни го потврдија и од Секторот за ловство при подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од таму објаснуваат дека не се во нивна надлежност животните во населено место и дека тие можат да интервенираат само во ловни подрачја кои се под нивна концесија. Од ловното друштво Охрид апелираат граѓаните да не се осмелуваат да вршат заловување на лисиците бидејќи тоа е казниво со закон, но и опасно. Од таму предлагаат да се направи една екипа од преставници од повеќе институции, лисиците со посебни ампули да се успијат и да се пренесат во некој резерват. Но, додека институциите се договорат кој е надлежен за решавање на овој проблем лисиците ќе преставуваат потенцијална опасност за граѓаните. Што ако нападнат некого и недај боже биде заразен. Кој тогаш ќе ја сноси одговорноста?
Инаку, ова не е прв пат да се појават лисици во градов. Пред една година овие диви животни свој дом си создадоа кај некогашната касарна, а неодамна на гости дојдоа во охридската болница. Останува прашањето кој замижува пред овој проблем?
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град