„Охридска софра“ во Скребатно

По втор пат во Скребатно „Охридска софра“. Во рамките на манифестацијата ќе се одржи и натпреварувачката „Ѓомлезијада“. Гостите покрај што ќе може да дегустираат ќе се забавуват и со  познатата македонска етно група „Чалгија саунд систем“.

 |  Јаковлева Лионела  | 
gomlezijada
ѓомлезијада

Познатиот охридски специјалитет, ѓомлезето, но и  традиционални јадења од охридскиот регион, различни видови сирење, домашен мед, градинарски продукти и охридски специјалитети подготвени од студентите на ФТУ Охрид, ќе се најдат на богатата „Охридска софра“. На манифестацијата  која во сабота по втор пат ќе се одржи во селото Скребатно посетителите ќе можат да уживаат во богата гастрономска понуда и добра забава. Почетокот е во 10 часот.охридска софра

„Јас се надевам дека и оваа година посетеноста ќе биде на високо ниво како и изминатите години имајќи во предвид дека промотивниот дел на оваа манифестација беше посебно таргетиран кон хотелите и туристичките агенции каде имаме гости од страство, а за нив ова е посебна атракција и верувам дека ќе го постигнеме ефектот на промоција на традиционалните јадења.“ – вели Ѓоко Апостолов од Секторот за туризам и локален економски развој.ohridska sofra

Во рамките на манифестацијата ќе се одржи и натпреварувачката „Ѓомлезијада“, на која оваа година се пријавиле 24 учесници. Подготовката на храна ќе започне во 9 часот изутрина, а процесот трае два часа по што следува официјaланиот дел на дегустација и оценување, односно доделување награди. Оваа година, наградниот фонд изнесува 20 000 денари.

Гостите покрај што ќе може да дегустираат ќе се забавуват и со интересна музичка програма. Планирано е да  настапи познатата македонска етно група „Чалгија саунд систем“.

По завршување на манифестацијата „Охридска софра“, присутните ќе можат да продолжат кон градскиот кеј каде што се предвидени бројни активности во склоп на „Охридскиот пливачки маратон“, рече Апостолов.

„Охридска софра“ и ова година е под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија како дел од проектот „Топол културен бран“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top