Со свечено затворање во Хотел Инекс Горица денеска заврши вториот по ред Саем за туризам во Охрид.
Со свечено затворање во Хотел Инекс Горица денеска заврши вториот по ред Саем за туризам во Охрид.
Поканетите туристички оператори разговараа за туристичките капацитети на државата, разгледување и промоција на Македонија, како и за согледување на ефектите од глобалната економска криза и ефектите врз туризмот во Македонија.
Со странските туристички оператори склучени се повеќе меморандуми за понатамошна соработка во однос на понатамошна промоција на Македонија во областа на туризмот. Најголема соработка се очекува да се оствари со Италија, посебно во периодот околу Водици.
На бината на плоштадот од страна на Агенцијата за туризам беше врачена наградата св Климент Охридски на претседаттелот на АКУАПУРА ИНТEРНАЦИОНАЛ од Португалија. Причина за доделувањето на наградат е предстојното уредување на преспанскиот регион во современо летувалиште. Исто така беа доделени околу триесетина благодарници на излагачите на овогодинешниот саем .
Организаторите на овогодинешниот саем се задоволни од посетеноста која според нивни проценки изнесувала 15 000 граѓани. Од понудената програма пред гостите и нивните реакции се очекува идната година Охрид да има двојно поголем број на туристи во овој период од годината.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град