ФТУ задоволни од бројот на студенти кои се запишаа на оваа високообразовна институцијуа во првиот уписен рок. Од таму очекуваат дека во вториот целосно ќе се исполни квотата.
Заврши првиот уписен рок на високообразовните институции. На ФТУ засега се запишаа 200 студенти со што се исполнија најпозитивните очекувањата на менаџерскиот тим на овај факултет.
–Во услови кога имаме силна конкуренција и кога имаме намалување на бројот на средношколци во училиштата останавме на нивото од минатата година и тоа за нас навистина е успех, вели Сашо Коруноски-декан на ФТУ.
Коруновски објаснува дека ФТУ е една од водечките институции по бројот на запишани студенти на универзитетот во Битола. Идните студенти имаат можност да студираат на пет насоки, туризам, хотелско ресторатерски менаџмент, осигурување, гастрономија, исхрана и диететика и царина и шпедиција. На последната насока местата веќе се пополнети уште во овој уписен рок.
–Насоката царина и шпедиција сеуште е многу атрактивна. Но не е само тоа причина што веднаш се пополнуваат местата туку и ниската квота што е одредена токму за оваа насока. Ништо помал интересот не е и за туризам, но бидејќи за оваа насока квотата е повисока таму има сеуште слободни места, објаснува деканот.
Вториот уписен рок е на први и втори септември. Коруноски е оптимист дека тогаш ќе се пополнат и останатите 80 слободни места. Тој додава дека ФТУ и кадровски и просторно е подготвен за новата генерација академски граѓани и нагласува дека факултетот наредната година ќе прослави 45 години од неговото постоење.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град